Агенција ГЕО СИСТЕМ ИНЖИНЕРИНГ од Охрид посредува при продажба на комплет реновиран еднособен стан (гарсоњера) бр. 12 со вкупна површина од 29 м2 (стан со површина од 24 м2 и тераса со површина од 5 м2) на ул. Даме Груев Б5, Зграда 1, Влез 1, Кат, 3, во Охрид, КО Охрид 2, КП 10490, со чист Имотен лист (централно градско подрачје, непосредно кај ординација Сонце), на 550 м чинарот и старата чаршија и на 950 од кејот и градскиот плоштад). Станот е со југооисточна оринетација. Истиот располага со комплет опремена дневна соба со трпезарија, кујна со нов медел и техники уреди, пространа тераса, претсобје и тоалет. Станот е малку користен и истиот е веднаш вселив. Одличен е за фамилијарно живеење, туристичка дејност или за повремен престој. Зградата поседува и сопствен паркинг простор. Цена 66990 ЕУ во која цена не се пресметани адвокатско нотарските трошоци и данокот на промет. Информации на тел. или во просториите на агенцијата. Шифра А04002 https://maps.app.goo.gl/dDuA5V9kCeNLytyU6