Агенција ГЕО СИСТЕМ ИНЖИНЕРИНГ од Охрид посредува при продажба на НОВ трособен стан бр. 22 со вкупна површина од 70 (74) м2 (стан со површина од 63 м2 и тераси со површина од 7 м2) со чист Имотен лист на бул. Туристичка бр. 114, Зграда 1, Влез 1, Кат 2, со лифт, во Охрид, КО Охрид 4, КП 4105/4, (на влезот на Охрид, веднаш позади бензиската пумпа на Лук Оил, на 800 м од езерото и плажите во Даљан и на 2 км до центарот на Охрид). Станот е со источна оринетација. Истиот е малку користен, комплет опремен со нов висококвалитетен мебел и технички уреди и е одлично зачуван. Располага со пространа дневна соба со трпезарија, кујна и тераса, две спални соби од кои едната е со тераса, а другата со француски балкон, тоалет, остава, како и помошна просторија во поткровјето од 4 м2 која не е запишана во Имотен лист. Одличен е за фамилијарно живеење, за повремен престој или за туристичка дејност. Цена 111990 ЕУ во која не се вклучени адвокатските и нотарските трошоци, како и данокот на промет. Зградата е прилично нова, градена по сите европски и светски стандарди, со квалитетни материјали и со висока енергетска ефикасност, а поседува и сопствен паркинг простор. Информации на тел. или во просториите на агенцијата. Шифра А03016 https://maps.app.goo.gl/Vs4F1a7g8W9LeyFH9