
Мал тоалет – мал простор кој задава главоболка. Сепак не мора да биде така, постојат начини како својот мал тоалет да го направите голем и функционален.
За мали тоалети вистински избор е керамика со светли и пастелни тонови(бела, крем, светло сива) бидејќи тие бои на просторот му даваат чувство на пространост и му даваат смирувачка нота.

Потрудете се вашиот тоалет да има природно светло бидејќи светлото во мал простор дава ширина и ја прави просторијата пријатна, доколку тоа сепак не е можно одберете квалитетно светло бело или жолто.
За да може просторот што повеќе да се искористи направете елементи по мерка. Одберете на пример вграден бојлер, не само што ќе заштеди простор, туку ќе изгледа поубаво. Во ѕидовите можете да направите мали полици. Полиците од под од плафон се исто така идеално решение за мали тоалети, само обрнете внимание некои делови да бидат затворени.

Колку повеќе ви е видлив подот во просторот ќе делува пространо, можете дури и да поставите и конзолни вц школка и лабаво за да просторот изгледа поголем. Исфлете ги непотребните мали работи кои не ги користите секојдневно.
Софтвер за агенции за недвижнини изработен од Best Net Studio 2026