
Која е точната разлика помеѓу тераса, балкон или лоџа? Тие се слични во одредена мерка, а сепак постојат разлики кои се јасно дефинирани и лесно можат да се препознаат.
Сличноста на овие простории се гледа на тоа што се отворени простори кои припаѓаат на еден стан како дел од повеќеспратна зграда.
Тераса
Терасата е отворен простор на теренот или на покривот на зградата – рамна наткривена површина во некоја зграда или на нејзе.
Балкон
Балконот е надземна „платформа“(изведена со плоча) која се наоѓа од рамна фазада на објектот и околчена е со ограда или парапетен ѕид со три страни.
Лоџа
Лоџата е отворен простор, надворешен дел од повеќеспратна зграда која со габарит не излегува од рамна фасада. Лоџата од три страни има фасаден ѕид, а со својата една страна е отворена и околчена со парапетен ѕид или ограда. Постојат и варијации- Балкон лоџа – Простор кој е затворен со две вертикални страни.
Француски балкон
Француски балкон – Застаклен отвор на фасадата чија величина одговара со фасадните балконски врати, без да припаѓа на конзолите на проодна плоча. Од безбедносни причини имаат одогварачка ограда.
Софтвер за агенции за недвижнини изработен од Best Net Studio 2026